Најмалку 144 лица загинаа, а 732 се повредени во земјотресот во Мјанмар
Најмалку 144 лица загинаа, а 732 се повредени во земјотресот што рано денеска го погоди Мјанмар, јави мјанмарската државна телевизија МРТВ.
Се стравува дека бројот на загинати и повредени е многу поголем, изјави за телевизијата лидерот на воената хунта во Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг.
„По земјотресот ги отворивме патиштата за меѓународна помош“, рече тој.
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди централниот дел на Мјанмар, а беше почувствуван и во Тајланд, Лаос, Индија и Кина.
Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг на длабочина од десет километри.
Десет минути подоцна, Мјанмар го погоди уште еден земјотрес, но нешто поблаг, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.
Силни земјотреси се проширија на Тајланд и Јунан во југозападна Кина, а видеата на социјалните мрежи покажуваат оштетувања на зградите во Бангкок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа