Најлудата заштита од сонцето „патентирана“ во Црна Гора – сите му се смеат што вака се сонча
Сонцето немилосрдно грее овие денови, па од жештините кој како што умее се штити.
Победникот сепак е еден турист од црногорските плажи кој смислил „заштитен фактор“ и поради тоа станал хит на социјалните мрежи.
Фотографијата е направена во Црна Гора каде на една плажа бил фотографиран човек кој одлучил по секоја цена да го искористи денот, без оглед на постојаните предупредувања на докторите да се избегнува претерано изложување на сонце.
Тој не се сокрил под чадорот туку нашол свое решение.
Си наместил голема проѕирна најлонска ќеса со кој се покрил целиот...
Фотографијата која била објавена на Инстаграм профилот „Podgorički vremeplov“ веднаш станала вирална, а луѓето не можеле да се воздржат од коментарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа