Над 40 загинати по поројните дождови во Индија

 

Официјалните лица во Индија соопштија дека при обилните дождови на Хималаите загинале најмалку 41 лице во рок од два дена. 

Како последица на поројните дождови дошло до лизгање на земјиштето што ги срамни зградите во државата Химачал Прадеш, вклучително и храм преполн со верници. 

Наставата во училиштата е прекината на многу локации. Некои жители се евакуирани во засолништа. 

„Повторно трагедија го снајде Химачал Прадеш, со континуирани врнежи во изминатите 48 часа“, објави Сухвиндер Синг, главениот министер на државата, на платформата за пораки X, порано позната како Твитер. 

14.08.2023 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега