На Шолц не му оди од рака џогирањето - утрово паднал додека трчал, па ги откажал состаноците

Германскиот канцелар Олаф Шолц претрпел полесна повреда на лицето кога утринава паднал додека џогирал, принудувајќи го да ги откаже обврските за викендот, изјави владината портпаролка.

-Тој падна додека трчаше и има модринки на лицето. За жал, тој мораше да ги откаже своите состаноци, изјави портпаролката.

Социјалдемократскиот канцелар требаше да учествува на политички митинзи за поддршка на кандидатите на неговата партија во светло на регионалните избори закажани за следниот месец во Хесен. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер ја предводи листата на Социјалдемократите (СПД) за овие избори во Хесен.

03.09.2023 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега