На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

 
 
 
Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите одземале над 15 тони овошје и зеленчук, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
 
Прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки"- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ.
 
Тој потенцира дека ќе има казни за увозници на овошје и зеленчук, но и за компании кои се занимаваат со малопродажба како што се „Веро", „Стокомак", „Кипер", „КАМ", „Тинекс" и други.
 
Бектеши најави дека ваквите акции на инспекторите ќе продолжат и понатаму.
 
Министерот соопшти дека оваа недела ќе се достават и кривични пријави за одредени правни субјекти за непочитување на одлуките на Владата.
26.04.2023 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега