На 4 септември почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Главната расправа за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски почнува на 4 септември, информираа од Кривичниот суд.

Од судот пред неколку дена објавија дека на првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, ќе му се суди заедно со другите обвинети. Образложија дека истрагата против Палевски е завршена и ќе биде поднесено обвинение, кое се однесува за истото дело како и против четворицата други обвинети, со оглед на тоа што се работи и за исти докази.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година.

 
30.07.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега