МВР уапси криминалец баран со потерница
Гостиварец кој бил баран со потерница бил фатен од страна на македонската полиција.
Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути, бил приведен 55-годишниот К.С. од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
11.02.2025 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа