МВР со детали: Заборавен куфер со облека на Железничката станица ја дигна полицијата на нозе

Лажна е дојавата за бомба во Железничката станица. Заборавен куфер со облека направи паника меѓу безбедносните служби. Од МВР велат немало никаква опасност за граѓаните.

-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР.

 

28.06.2022 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега