МВР со детали за хаосот во ИЈЗ, познато кој ги исклучил од струја фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија

МВР излезе со детали за хаосот кој вчера се случил на Институтот за јавно здравје кога фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија биле исклучени од струја.

Вчера околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести, соопшти МВР.

„Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.

01.08.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега