МВР си ги „прибира“ осудениците: Фатен маж - треба да биде зад решетки две години

 

На 07.02.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци,  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци.

Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. 

08.02.2024 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега