МВР потврди: Во пожарот во Аеродром пронајдено починато лице

Голем пожар утрово на улицата „Пандил Шишков“ во скопската населба Аеродром. Пожарот избувнал рано утрово, а кај надлежните е пријавен во 6.33 часот. Од МВР потврдуваат дека во пожарот едно лице го загубило животот.

„Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76)“, велат од МВР за Прес24.

Тие додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

11.01.2024 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега