МВР: Лицето што го стави албанското знаме на Кораб не е од Македонија
На социјалната мрежа Фејсбук објавено е видео на кое се гледа како едно лице го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб и потоа го отстранува македонското знаме.
„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа