Муцунски: Го чуваме македонскиот идентитет и културно наследство
Тимчо Муцунски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, имале средба со македонската дијаспора во црквата Св. Никола во Њу Џерси.
-Дијаспората во САД претставува значаен мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји и важен фактор во билатералната соработка. На мое големо задоволство, вчера, заедно со претседателот на Владата, се сретнавме со македонската дијаспора во црквата Св. Никола во Њу Џерси. На средбата ја нагласивме важноста на одржување на цврстите односи со македонските иселеници низ целиот свет, кои претставуваат важен дел од нашето национално ткиво, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа