Му се заканил со нож на вработениот на бензинска и украл пари: Приведен разбојник во Скопје
Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир, вчера, извршиле службен разговор со А. А. (30) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 8.10.2023 со закана со нож кон вработен на бензинска пумпа во Скопје одзел пари.
Во службениот разговор тој го признал делото.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство.
10.10.2023 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа