Му нашле марихуана во автомобилот - ќе одговара кривично
ОВР Струга поднесе кривична пријава против О.Д.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, кое го управувал пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.
11.03.2024 - 16:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа