МТСП: Валандово добива нова градинка, во Пирава решаваме долгогодишен предизвик
На денот на ослободувањето на Валандово, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов најавија нова градинка во Пирaва, Валандово која ќе го реши долгогодишниот предизвик на Пирaва за сместување на децата во предучилишни установи.
Тренчевска при посетата на местото каде ќе се реализира проектот на новиот објект истакна дека ова е уште еден доказ дека соработката со општините секогаш придонесува кон подобар квалитет на живот на граѓаните.
Градоначалникот Костадинов посочи дека за него детската заштита останува да биде приоритет број еден. Тој истакна дека трендот на зголемување на капацитетите на градинките мора да продолжи како и во изминатите години.
Во Општина Валандово во 2019 година беше изграден нов објект во село Брајковци со капацитет од 50 деца, додека во 2022 година беше изграден нов објект во село Јосифово со капацитет од 52 деца. И двата објекти се финансирани од страна на Министерството за труд и социјална политика за кои се инвестирани повеќе од 37 милиони денари, извести МТСП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа