МП: Почнува процесот на изработка нов Закон за судска служба
Министерството за правда (МП) соопшти дека го започнува процесот на изработка на нов Закон за судска служба.
Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем.
Министерството за правда наведува „дека е посветено на создавање праведен и ефективен систем кој ќе ја подобри ефикасноста на судството водејќи грижа за потребите на судската служба“.
09.08.2024 - 13:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа