Може ли со стар пасош да извадите пари од банка?

 

Дел од банките се уште не знаат како треба да постапуваат при идентификација на граѓаните со пасоши кои не се со „северна“. Граѓани за „Скопје1“ сведочат дека во различни банки, има различна пракса. Со оглед дека за пасошите нема законски измени, тие треба да се неважечки и во Македонија. Но сепак, дел од банките чекаат за тоа да добијат известување од надлежните органи. Од МВР за „Скопје1“ велат дека пасошите не можат да се употребуваат, но не навлагаат како ќе постапат банките.
„Според најновото известување од вчера, исклучиво личните карти издадени од Република Македонија кои се сѐ уште важечки можат да се користат за потребите на идентификација при воспоставување и продолжување на деловен однос. Во однос на патните исправи издадени од Република Македонија кои се сеуште важечки, се чека дополнително известување дали може да се користат“, кажаа за „Скопје1“ од контакт центарот за корисници, на една од македонските банки.

Се обративме и во друга банка, каде пак, ни кажаа дека може да се прави идентификација со пасош без „северна“, доколку истиот не е со истечена важност, пишува Скопје 1.

„Доколку е важечки пасошот и немате друг – може да се идентификувате. Ако имате извадено друг, со новиот“, велат од контакт центарот на друга банка.

Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пасошите со старото уставно име се неважечки за употреба, како во Македонија, така и во странство. За тоа дали банките ќе дозволат идентификација со нив – не сакаат да коментираат.

Идентификација во банка може со лични карти со старото уставно име, како и со новото уставно име.

 

14.02.2024 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега