МНР: Македонски државјанин е во Волос и е на безбедно

 

Министерството за надворешни работи изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.

Информираат дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

„Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.

Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација.

На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, се истакнува во соопштението од МНР.

06.09.2023 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега