Мнозинството граѓани нема целосна доверба во здравствените работници, според Институтот за демократија, човекови права и дигнитет

 

 

Најновото истражување на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет покажува дека само 43 отсто од македонските граѓани имаат целосна доверба во здравствените работници.

Спротивно на таа бројка, мнозинството граѓани односно 57 отсто се изјасниле дека во здравствените работници немаат целосна доверба.

Добиените информации загрижуваат, со оглед на последните случувања во здравствените установи ширум државата, велат од Институтот за демократија.

Ова истражување е спроведено во период од 5 до 10 септември, оваа година.

Во истражувачкиот процес учествуваа вкупно 2.000 граѓани.

Истражувањето беше спроведено на територија на С.Македонија, со маргина на грешка до 2 отсто, се наведува во соопштението.

11.09.2023 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега