Многу дожд и снег пред крајот на месцот - какво време не чека во ноември
Дожд и облаци е она што треба да го очекуваме од времето до крајот на ноември. Облачно и со слични температури како денешните ќе биде до крајот на оваа недела. На крајот од викендот ќе имаме и сончеви периоди но температурите ќе останат релативно ниски, односно не повеќе од 10 степени во текот на денот и до минус 5 наутро.
Сончевото време кое се очекува за викендот треба да продолжи до средина на наредната недела. Тоа ќе ги покачи дневните температури над 15 степени по што се најавуваат промени па викендот кој што следи по овој ќе биде прилично врнежлив и со температури под 10 степени.
Последната недела од ноември треба да донесе нешто постудено време кое ќе услови дневни температури под 5 степени и утрински 5 степени под нулата. Влажното време кое се очекува пред крајот на месецот можно е да создаде услови и за снег во одредени котлини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа