МКД.мк: Македонските граѓани се песимисти - владее корупција и стандардот паѓа

 

 

Две третини од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во негативна насока. Бројот на испитаниците кои сметаат дека земјата се движи во позитивна насока е речиси двојно намален, од 14,2 отсто во јуни на 7,7 % во септември 2023.Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 15 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Според податоците од анкетата приближно половина или 49,5% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата е состојбата во економијата и намалената стопанска активност.

 

А како најчесто посочуван проблем е нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата. Ваков одговор дале дури 27,6% од испитаниците.

Цела анкета погледнете ја на МКД.МК

06.10.2023 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега