Мисајловски: Денеска се изврши симулација на сајбер напад на Воената академија

 


Денеска на Воената академија во Скопје, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, дел од министрите во Владата и директорите на безбедносните институции присуствувавме на завршната симулирана вежба која е дел од проектот за сајбер безбедност во Западниот Балкан, поддржан од нашиот сојузник, Обединетото Кралство, објави Министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„Проектот се состои од три модули во кои се изврши евалуација на капацитетите на владините институции, беа развиени сајбер безбедносни стандарди, а денеска се реализираше и обуката за обучувачи на која беше реализирана и симулираната вежба базирана на сценарио за сајбер напад, посочи министерот Мисајловски.

29.01.2025 - 14:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега