Министерство за здравство во Газа: 600 деца заробени под урнатините

 

Од 3.478 загинати Палестинци и 12.065 повредени, 70 отсто се деца, жени и постари лица, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Околу 600 деца останаа под урнатините на израелските воздушни напади, од вкупно 1.300 лица, изјави портпаролот Ашраф ал Кудра.

„Министерството верува дека има преживеани меѓу урнатините, но процесот на достигнување до нив е сериозно отежнат поради постојаните воздушни напади и малиот капацитет“, рече тој.

19.10.2023 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега