Министерство за правда: И ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работната група за подготвувањето на новиот Изборен законик

 

Работната група која ќе треба да го подготви новиот Изброрен законик ќе се формира во најкус можен рок. Министерството за правда смета дека во нејзината работа треба да учествува и ВМРО ДПМНЕ, велат од Министерството.

„Ве информираме дека и покрај испратениот допис до ВМРО ДПМНЕ да предложат свој претставник во работната група за подготовка на нов Изборен законик како и поканата претседателот на работната група да биде нивен предлог, досега до Министерството за правда нема пристигнато никаков одговор, ниту позитивен ниту негативен.За ова се известени сите меѓународни фактори и организации“, дополнуваат оттаму.

03.04.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа