Министерот за правда Кренар Лога оствари работна средба со претставници на Здружението на судии
Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Здружението на судии, Џемаили Саити и претседателот на Советодавното тело за судиска етика, Шпенд Деваја. На состанокот се разговараше за состојбите во судството и актуелните случувања во Судскиот совет. Беше истакната заедничката заложбата за итни законски интервенции во Законот за судски совет и потребата од воспоставување на видливи и ефикасни механизми за утврдување на евентуална одговорност, односно отповикување на членовите на Судскиот освет, притоа промовирајќи ги механизмите на судска саморегулација преку зголемување на улогата на Здружението на судии.
Министерот Лога беше информиран од страна на претседателот на ЗСРСМ, Џемаили Саити за тековните активности на Здружението на судии во однос на статусните прашања на судиите, независноста и самостојноста на судскиот систем, како и ставот на Здружението за последните случувања во контекст на нарушената доверба и мерките кои се преземаат во насока на нејзино подобрување .
Министерот Лога, ги презентираше своите видувања во однос на овие и други прашања кои се однесуваат на ефикасноста и независноста на судскиот систем, притоа фокусирајќи се на новата Стратегија која е во изработка и прашањата кои се опфатени во неа. Министерот ја истакна потребата од зголемување на напорите на судиите во насока на придобивање на довербата на граѓаните и потребата од континуирана надградба на правната регулатива која би придонела кон евидентирање на евентуалните правни недоследности при постапувањето на судиите и судските органи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа