Министерот Шакири по вчерашниот крах на платформата: Проблеми имаа тие што во петокот не ги потврдија лозинките

 

 

По вчерашниот крах на платформа за онлајн настава кога на некои места не можеа да се вклучат и наставни и ученици, министерот за образование Јетон Шаќири денес вели дека проблеми имало само во некои училишта. Оние кои ги послушале препораките од петокот, го тестирале системот, ги провериле лозинките, немале проблем да се вклучат.

„Некои од училиштата кои вчера првпат добија закани за бомби за половина час, триесет минути ги надминаа проблемите. Апликацијата реално се користи. Училиштата кои во петокот постапија по препораките за потврда на лозинките и вклучување на системот: проблеми имаа тие шо не постапија по препораките“, рече министерот Шаќири.

За проблемите со целодневната настава во основните училишта која вчера требаше да продолжи онлајн, можноста бомби да има и за матурските испити и за сите проблеми за кои вчера јавија наставниците, учениците, но и родителите, министерот вели дека работните тела и безбедносните органи прават дополнителни анализи за да се дадат нови препораки по кои треба да се постапува по заканите за бомби.

02.03.2023 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега