Министерката за одбрана Петровска утрово пристигна во посета на Украина каде ќе се сретне со претставници на украинските власти

 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.

Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија – Северна Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат.

Министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување предизвикани од руската агресија, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот.

22.02.2023 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега