Министер за првпат ги посети полицајците во Неготино: „Ми ги кажаа проблемите“

 
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека денеска ги посетил полицајците во Неготино. Тие му кажале дека министер првпат им доаѓал во посета. 
„Во рамки на денешните активности остварив работни посети на ОВР Неготино и ОВР Кавадарци каде одржав состанок со раководствата на овие организациски единици.
Од нивна страна бев запознаен со тековните активности и позначајните настани на подрачјето и беше потенцирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е стабилна.
На состаноците посочив дека полициските службеници во својата работа треба да постапуваат исклучиво согласно позитивните законски прописи и во интерес на обезбедување на високо ниво на безбедност на граѓаните.
Исто така, ја искористив приликата да ги посетам и управните служби во Неготино каде од страна на вработените ми беа презентирани проблемите со кои се соочени во секојдневното работење и беше потенцирано дека за првпат се посетени од еден министер“, напиша министерот Тошковски на социјалната мрежа ФБ.

06.03.2024 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега