Минималната плата од 18.000 ја отвори Пандорината кутија

Универзитетскиот професор, Лазар Јовевски смета дека денот кога се донесе одлуката за покачување на износот на минималната плата на 18.000 денари, пректично е ден кога се отвори „пандорината кутија“ на платите во Македонија. Во интервју за Прес24, оценува дека оправданост за сериозна социјална пролет има, легитимно е да се искористат и правото на штрајк како работничко право и правото на протест како граѓанско право.

-Но не би сакал да видиме социјални немири, јас сум секогаш за мирно решавање на проблемите, барем онаму каде може, аа во случајов може доколку има волја од страна на социјалните партнери да седнат и да се договорат, вели професорот Лазар Јовевски во интервју за Прес24.

нфлација и онака има и тоа реално е повисока од процентот кој јавно се комуницира. Поентата е дека покачувањето на платите треба да се прави со цел да „држи чекор“ со инфлацијата, а не да ја подгрева. Меѓутоа, неспорно е дека платите мора да го следат трендот на растот на минималната плата. Сметам дека поважно е да видиме како ќе ја „заработиме“ минималната плата, зашто некои економисти излегоа со податок според нивни пресметки дека реалната минимална плата во земјава е околу 16.500 денари, што е голема разлика со износот за кој се донесе одлука, вели Јовевски во интервјуито.

Економската криза како резултат на Ковид пандемијата, но и на украинската криза ќе има сериозни рефлексии врз македонската економија. Професорот оценува дека некои од мерките кои беа носени за ублажување на последиците, не беа соодветни.

-На трговците не им се исплати да продаваат намирници без маржа, зашто би работеле во тако слиучај, нели? И тие работат за приход зашто и нивните трошоци за живот растат. Според тоа, ваквата мерка направи повеќе штета отколку корист. Дали маркетите ги држат празни рафтовите поради несогласувањето со донесените мерки или производите навистина ги нема не би можел да тврдам, но во секој случај, самите празни рафтови кај луѓето создаваат паника и песимизам, вели професоот.

Тој смета дека е потребно Владата да даде поддршка на стопанството наместо да покачува вештачки плати.

-Треба итно да им помогне на фирмите да продолжат со деловнат активност зашто тие се тие кои ја создаваат вредноста во нашата економија. Второ, треба да се искористат државните фискални инструменти за намалување на цените- досегашните очигледно не беа доволни, и да се поддржи намалување на цените на таков начин, вели во интервју за Прес 24, Лазар Јовевски, универзитетски професор.

 

ПРЕС 24: Подолго време тлееја проблемите во јавната администрација, се чини дека настаните кои сеслучуваат деновиве најавуваат серија на штрајкови. Дали има оправданост за сериозна социјалнапролет?

ЈОВЕВСКИ: Денот кога се донесе одлуката за покачување на износот на минималната плата на 18.000 денари беше ден кога се отвори „пандорината кутија“ на платите во Македонија. Уште пред тоа предупредував и јас, предупредуваа и други колеги правници, предупредија и економистите дека таквото решение ќе повлече низа проблеми, односно едно општо незадоволство помеѓу сите вработени воопшто. Една работа е платите континуирано да растат, да бидат резултат на повеќе критериуми според кои се пресметува точно за кој износ можат да пораснат платите без да предизвикаат револт кај работниците, друга работа е да се исполни барање без да се предвидат последиците.

Факт е дека трошоците за живот  се енормно зголемени и дека и вработените во јавната администрација имаат потреба од повисоки месечни примања, со оглед на тоа што и за нив трошоците за живот се покачени. И тие како и сите останати категории работници имаат законско право на штрајк кое сега очигледно е време да го искористат со цел да издејствуваат покачување на нивните плати согласно покачувањето на минималната плата.

Оправданост за сериозна социјална пролет секако дека има, легитимно е да се искористат и правото на штрајк како работничко право и правото на протест како граѓанско право. Но не би сакал да видиме социјални немири, јас сум секогаш за мирно решавање на проблемите, барем онаму каде може, аа во случајов може доколку има волја од страна на социјалните партнери да седнат и да се договорат.

ПРЕС 24:  Институциите, владата велат дека договор е можен, но со постепено покачување на платите,бидејќи брз пораст може да допринесе до брза инфлација. Има ли овде аргументи?

ЈОВЕВСКИ: Аргументите за брз раст веројатно ги допрев во претходното прашање. Растот на платите во Македониај требаше да биде континуиран и досега. Да беше така можеби и немаше да дојде до ваква сериозност на ситуацијата, иако никој реално не можете да предвиди одредени настани кои придонесоа до дополнителни поскапувања на оние кои ги предизвика Ковид кризата. Од друга страна, инфлација и онака има и тоа реално е повисока од процентот кој јавно се комуницира. Поентата е дека покачувањето на платите треба да се прави со цел да „држи чекор“ со инфлацијата, а не да ја подгрева. Меѓутоа, неспорно е дека платите мора да го следат трендот на растот на минималната плата. Сметам дека поважно е да видиме како ќе ја „заработиме“ минималната плата, зашто некои економисти излегоа со податок според нивни пресметки дека реалната минимална плата во земјава е околу 16.500 денари, што е голема разлика со износот за кој се донесе одлука. Затоа, треба да се интервенира во продуктивноста на приватниот сектор за да создаде повисока вредност, таму треба Владата да насочи помош и тоа без одложување.

ПРЕС 24:  Подигањето на минималната плата на 18.000 денари, практично беше иницијална каписла заовие синдикални барања, бидејќи практично во јавната администрација сега има плати кои се подминималната плата. Сепак, прашањето е дали покачувањето на платите во  администрацијата ќе гозголеми квалитетот на услугите што граѓаните ги добиваат, или пак социјалниот елемент не епресуден за квалитетна јавна администрација?

ЈОВЕВСКИ: Зголемувањето на платите во администрацијата би требало да го зголеми квалитетот на услугите кон граѓаните, иако лично не очекувам да се случи тоа. Со покачувањето на минималната плата на 18.000 денари факт е дека треба и во администрација за најниското работно место да се гарантира износ на минимална плата, но во јавната администрација имаме систематизација на работните места која, меѓу другото, ги зема предвид критериумите образование и работно искуство, така што ако плата која изнесувала околу 14.000 денари се покачи на 18.000 денари, незадоволството е очекувано од оние кои имаат на пример звање помлад соработник и високо образование и добиваат плата од околу 21 000 денари, но и од административците кои се со повисоко звање. Мотивацијата за работа не можеме да очекуваме ни дека ќе се задржи на исто ниво, а камоли да очекуваме да се подобри.

ПРЕС 24:   Сепак, дали растот на платите во приватниот сектро, ќе ја направи неатрактивна државнатаработа, што пак е еден од механизмите на политичките партии за прибирање гласачи, коиподоцна ги вдомуваат во инстиотуциите. Дали тоа може да биде природен модел за филтрирањена администрацијата?

ЈОВЕВСКИ: Природно би било ова да се случи, но во земја каде работниците во приватниот сектор реално ги уживаат своите работнички права. Кај нас чест случај е заобиколување на законите, што дојде особено до израз кога државата даваше парична помош на приватните фирми за работниците на кои истата не им беше исплатувана. Колку често сме сведоци на ситуација каде рабоотдавачот исплатува преку сметка законски износ кој подоцна во готовина му го враќаат на рака? Притоа, овие работници во страв дека ќе ја изгубат работата многу ретко и пријавуваат злоупотреба. За да стане атрактивноста на приватниот сектор модел за филтрирање на администрацијата треба и таму да се предизвикаат промени во корист на работниците за да бидеме сигурни дека се почитуваат работничките права, дека добиваат уредно плата, дека им се плаќаат придонеси, здравствено осигурување, сдека користат законски платен годишен одмор, итн.

ПРЕС 24:   Паралелно со овие сидникални раздвижувања, државата се соочува и со економскитепоследици од војната во Украина. Колкав е економскиот ризик за Македонија во оваа година?

ЈОВЕВСКИ: Државата тврди дека имаме резерви на храна, дека ќе има доволно, од некои соседни земји добивме информација дека ќе ни помогнат со намирници, но и неизвесноста е овде.

Прво, како ќе се прехраниме? Како ќе обезбедиме доволно количество храна од сопствено производство, па дури и ако се започне со обработка на земјиште на оние површини на кои не се одгледувани култури? Или да прашам поинаку, дали постои култура која дава плод месец дена по засадувањето? Не сакам да ширам паника, но ова се реални сомнежи и прашања кои верувам повеќето од нас си ги имаат поставено.

Во однос на горивата, исто така неизвесноста е таа што го прави најголемиот проблем, а секако не е за занемарување растот на цените и на горивата и на електричната енергија. Сметките растат, но не и платите соодветно за да можат граѓаните да ги покријат. Останува да видиме со каков резултат ќе ја завршиме годината, иако прогнзите не се воопшто оптимистички.

ПРЕС 24: Мерките кои се однесуваа за замрзнување на цените на одредени производи, практично како ида не функционираат во реалноста. Дел од прозиводите ги нема на рафтовите, а каде ги имацените се повисоки. Како Вие ги оценувате сите овие владини мерки за ублажување на ценовниотшок со кој се соочи државата?

ЈОВЕВСКИ: Замрзнувањето на цените на некои производи требаше да ни биде од старт јасно дека не е долгорочно, ниту трајно решение. Кога се зголемуваат пред сè цените на енергенсите, јасно е дека ќе се зголемат и цените на сите производи. На трговците не им се исплати да продаваат намирници без маржа, зашто би работеле во тако слиучај, нели? И тие работат за приход зашто и нивните трошоци за живот растат. Според тоа, ваквата мерка направи повеќе штета отколку корист. Дали маркетите ги држат празни рафтовите поради несогласувањето со донесените мерки или производите навистина ги нема не би можел да тврдам, но во секој случај, самите празни рафтови кај луѓето создаваат паника и песимизам, така што, на никого не му оди во прилог. Пред да се донесе каква било одлука, па дури и да се работи за итна мерка, мора да се има план и да се предвидат последици, како и начини за нивно избегнување или барем ублажување.

ПРЕС 24:   Што според Вас е нужно да се направи во овој момент, за да се намалат ризиците од новиекономски кризи?

ЈОВЕВСКИ: Потребно е Владата да даде поддршка на стопанството наместо да покачува вештачки плати. Треба итно да им помогне на фирмите да продолжат со деловнат активност зашто тие се тие кои ја создаваат вредноста во нашата економија. Второ, треба да се искористат државните фискални инструменти за намалување на цените- досегашните очигледно не беа доволни, и да се поддржи намалување на цените на таков начин.

ПРЕС 24:   Европската Унија практиочно се обидува да обиезбеди модел кој значи независност од Русија заенергенси. Тоа вероајатно ќе биде долг процес, но сепак колку е тој можен и остварли и по којацена?

ЈОВЕВСКИ: Ние не сме земја членка на ЕУ, туку сè уште кандидатка за членство која ете се труди да се усогласи со политиките на ЕУ, иако економски не е моќна да го оствари тоа. Унијата верувам дека ќе успее во намерата, но нас нè засега повеќе која ќе биде цената која ние ќе треба да ја платиме и на кој начин ние ќе обезбедиме пари за да ја платиме. Често слушам дека имаме најевтини цени за струја, греење, и друго во регионот и во Европа, но имаме најниски плати. Треба животниот стандард да се покачи за да биде ова реален аргумент, во спротивно си работиме на сопствена штета. Ако се споредуваме со земјите на ЕУ, ајде да почнеме од висина на плати, а не од висина на трошоци.

ПРЕС 24: Пописот во Македонија е деновиве најактуелна тема. Ако се остават на страна етничките иверските бројки на наелението, на површина ќе се види демогравската ерозија на населението.Дали пописот практично покажа дека иселувањето од Македонија е многу поголемо од она штојавноста го перцепира?

ЈОВЕВСКИ: Пописот од старт беше осуден на неуспех, со оглед на проблемите кои од сам старт се појавија. Не сум целосно сигурен дека презентираните бројки се точни и дека даваат слика на реалното население. Има голем број попишани граѓани преку некои ситеми, што значи дека околу 130 000 луѓе не сме ни сигурни дали се овде (според изјавите тие наводно не отвориле врата), дали живеат во Македонија? Поради бројните нејаснотии околу пописот во повеќе аспекти не би ги коментирал објавените бројки.

Кај нас отселувањето на младите е одамна проблем, и опстојува, сите досегашни анкети покажуваат сè повисок број млади кои имаат желба да се отселат во странство.

ПРЕС 24: Како да се задржат младите во Македонија?

ЈОВЕВСКИ: Со системски промени и овозможување образование и вработување без дискриминација. Да се издигнеме над партиски и роднински интереси и да создадеме систем за способности. Треба да се растерети пазарот на труд од досегашнитевлијаниеја и да се даде еднаква можност на сите за пристап до вработување.

10.04.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега