Милошоски на средби во американскиот Конгрес
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се сретна со републиканскиот конгресмен, Карлос Гименез во Конгресот на Соединетите Американски Држави. Како што тој објави на социјалната мрежа Фејсбук, разговарале за македонско-американските односи.
-Разговаравме за македонско-американските односи и можностите за нивно продлабочување, за безбедносните предизвици во Европа. Исто така разменивме идеи како можеме взаемно да си помогнеме како сестрински партии во однос на изборните кампањи и во Америка, и во Македонија, во кои ќе бидеме ангажирани во текот следната година, вели Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа