Милков се пожали: Не гледаме ниту еден чекор во Северна Македонија за спроведување на европскиот предлог
Затворањето на бугарските културни клубови во Северна Македонија е елемент на зголемената тензија. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков.
„Дали свесно се обидуваат да ја подигнат тензијата, не знам, но она што исто така би го кажал е дека откако беше усвоен таканаречениот европски предлог, кој беше усвоен од целата Европска унија, од Бугарија и од Северна Македонија на парламентарно ниво не гледаме ниту еден чекор што е направен во насока на негово спроведување, ниту во учебниците, ниту ништо. Да не зборуваме за други чекори“, рече Милков.
Претходно денес бугарскиот претседател, Румен Радев кажа дека во изминатите 10 години, најмалку десет пати го поканил македонскиот колега, Стево Пендаровски да ја посети Бугарија. Според Радев, вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе и’ помогнело на Северна Македонија да раскине со, како што вели. идеологиите на тоталитарното минато и почеток на демократизацијата на државата.
На коментарите претходеше изјава на Пендаровски кој оцени дека дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев. Според Пендаровски, сериското отворање на т.н. бугарски клубови во земјава е една од можните причини за зголемување на незадоволството кај граѓаните од францускиот предлог.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа