Мицкоски во Дубровник: Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир

 


„Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир. Регионот обединет во заедничката цел“, напиша на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска денеска учествува на Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ што се одржува во Дубровник. 

Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир. Регионот обединет во заедничката цел.

Самитот го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а излагање ќе има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

На самитот се претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. 

Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина. 

09.10.2024 - 18:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега