Мицкоски: Се правел епски криминал во полицијата - месецов ќе вработиме 600 лица
Во МВР потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање.
-Многу малку се водело сметка за кадровски потенцијал, во рамките на министерството за внатрешни работи, тоа го согледуваме сега откако изминавме период од 6 месеци, каде што анализиравме истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина изминативе години би рекол е правен епски криминал, и за да тоа сето се санкционира и да излезе пред правдата ова основано сомневање, потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања во МВР, изјави Мицкоски.
Мицкоски појасни декека дел од кадарот оди во пензија, а дел се поради кадровско зајакнување на МВР.
-Дел поради природно заминување во пензија, дел кадровски да се зајакне министерството, така што МВР веќе следната недела да објави оглас за нови 600 вработувања во рамките на самото министерство, појасни премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа