Мицкоски: Нема да ги посрамотиме граѓаните

 

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека го запознал новото раководство на ЕУ со аргументите кои ги има Македонија за пристапните преговори. Тој посочи дека очекува поддршка, бидејќи постојат жестоки и цврсти аргументи, а не верува во инстант решенија. Дециден е: „нема да ги посрамотиме граѓаните!“.

„Слетав пред час и половина, ценам дека квалитетни беа средбите. Имавме средба со новата комесарка за проширување Марта Кос, со претседателот на Европскиот совет, како и состанок со Копман на практично ниво. Разговаравме за сите теми од суштинско значење, поминуваме низ аргументите, даваме нови аргументи. Ова се нов состав, голем дел од информациите кои ги примаат се нови. Врз основа на тие дискусии очекувам дополнително да се развијат определени можни решенија. На 17-ти има Самит, ЕУ и Западен Балкан, ќе бидам пак таму“, рече Мицкоски.

Според него, спорот е наметнат и. Политиката на претходната власт ја нарече „Политика во која подалеку од носот не гледал никој“.

04.12.2024 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега