Мицкоски: Не очекува година на промени и големи поместувања

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски". 

По завршувањето на свечената божествена литургија, Мицкоски во изјава за медиумите на сите кои денеска го славата Христовото раѓање им посака здравје, среќа и многу мудрост и трпение. 

- Им ги честитам овие празнични денови, новогодишние празници, и во мир и благосостојба да ги поминат, бидејќи во периодот којшто следи, не очекуваат пред се големи предизвици, за граѓаните и за државата, порача Мицкоски. 

Прашан каде се падна паричката за Бадник, Мицкоски, рече „кај татко ми, кај главата на фамилијата“.

Мицкоски, упати и политичка порака, порачувајќи дека следува година на промени.

- Година на промени. Годината на промени ќе одбележи и големи поместувања, кои што ќе значат прогрес, благосостојба, успех, за сите оние кои што нормално тоа го посакуваат, а нема граѓанин што тоа не го посакува, изјави Мицкоски.

07.01.2024 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега