Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: На власта ѝ нудиме решение за справување со енергетската криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн, при што разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.

„Мицкоски кажа дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, при што укажа дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и  Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза. Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење. Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа“, се вели во партиското соопштението.

Мицкоски исто така се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување на поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

29.09.2022 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега