Мицкоски: И јас не се согласувам со „северна“ ама го почитувам Уставот

Очекувам секој што добива плата, ужива привилегии на грбот на граѓаните тука кај нас, да ги почитува македонските закони и Уставот како што тоа го правам јас. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за Законот за јазиците, кој е пред Уставниот суд.

Премиерот рече дека и нему му се проблематични некои работи што се направени со Уставот и е против нив, како што е користењето на придавката северна, но додека ја врши функцијата, ќе стои пред тој знак за да не ги навреди македонскиот Устав и македонските закони.

„Некогаш реалноста може да не ви се допаѓа, но вие морате да ја прифатите таа реалност ако навистина се борите за владеење на правото“, вели Мицкоски.

Повика да не се врши притисок врз судовите колку и да е довербата во нив нарушена поради СДСМ и ДУИ.

Мицкоски е уверен дека нема индиции за загрозување на безбедноста, а состојбата во моментот била стабилна. Сепак, како што додаде во одговорот, постојат одредени структури во општеството кои имаат намера за да го заштитат својот криминал на стекнат капитал и да предизвикаат инциденти и одредена дестабилизација.

05.09.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега