Мицкоски: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде еден од приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ оствари средба со туристички работници кај автопатот Кичево Охрид каде беше потенцирано дека е приклучен, од секој од нас ќе зависат промените, и тоа што го гледаме на јавните мерења акламативна е поддршката за промени во Македонија на политичката сцена, соопштија од опозициската партија.

Мицкоски истакна дека автопатот Кичево – Охрид не бил приоритет на оваа влада, туку се трошеле како што кажа, 200 милиони евра на проекти кои ние не сме ги гледале.

- Ова ќе биде приоритет уште од првиот ден на новата влада, да оваа делница биде направена и пуштена во употреба. Планираме да прв приоритет ни бидат  проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти, потенцираше Мицкоски.

Од страна на туристичките работници беше истакнато дека во моментов коментарите се за лошата патна инфраструктура, има групи кои слетуваат на скопскиот аеродром и не им е јасно како до Охрид се патува 4 часа.

 

- Автопатот под итно мора да се заврши, сите кажуваме едно исто, никој не е задоволен, ни домашните, ни странските гости. Треба да се направи план кој ќе го следат идните генерации и за следните 50 години да знаеме како ќе изгледа ова место, велат тие.

03.10.2023 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега