Мич Меконел пред заминување од Сенатот, го поддржа Трамп во трката за претседател на САД
Лидерот во заминување на републиканците во Сенатот, Мич Меконел денеска го поддржа Доналд Трамп во трката за претседател на Соединетите Американски Држави.
„Апсолутно е јасно дека поранешниот претседател Трамп ја заработи неопходната поддршка од републиканските гласачи за да биде наш кандидат за претседател на САД. Не треба да чуди што тој ќе ја има мојата поддршка како кандидат“, рече Мекконел, според Њујорк Тајмс.
Претходно денеска, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли ја прекина својата кампања за републиканска претседателска номинација.
Меконел (82) минатата недела објави дека ќе се повлече од функцијата лидер на републиканците во Сенатот во ноември, по речиси 17 години на таа позиција.
Последниве месеци имаше неколку здравствени проблеми, а најзабележителни беа два случаи кога се „замрзна“ неколку секунди пред телевизиските камери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа