Метеорит удри во куќа во САД, го проби покривот: „Кога го фатив уште беше топол“

 

Властите во Њу Џерси соопштија дека метеорит удрил во куќа во градот Хоупвел и предизвикал оштетување на покривот и подот на собата. За време на инцидентот нема повредени.

„Во понеделникот метеорит го проби покривот и падна во спалната соба на татко ми. За среќа во тој момент немаше никој дома. Кога го најдов предметот помислив дека е камен. Но кога го зедов во раце, забележав дека сè уште е топло“, рече Сузи Коп, ќерката на сопственикот на куќата, пренесе Си-ен-ен.

10.05.2023 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа