Мерил Стрип и Дон Гамер тајно се разделиле пред шест години по 45 години брак

 

 

Холивудската икона Мерил Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гамер живеат целосно одвоени животи.

Неколку американски портали објавија дека оскаровката (74) и познатиот скулптор (76) тајно се разделиле пред шест години по речиси пет децении брак.

Мерил и Дон се венчаа во 1978 година, имаат четири деца – Хенри (43), Меми (40), Грејс (37) Луиза (32) – и пет внуци.

Мерил и Дон во Њујорк (1980)

Нејзиниот портпарол ја потврди веста.

Во изјава за „Фокс њуз дигитал“ портпаролот на актерката потврди: „Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоено“.

Мерил беше забележана на доделувањето на наградите Princesa de Asturias 2023 во петокот со нејзината бурма и покрај откритието.

Но, парот не е виден заедно од „Оскарите“ во 2018 година.

 

24.10.2023 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега