Мексико: Во самоодбрана уби човек кој ја силуваше, осудена е на шест години затвор, пресудата предизвика гнев кај жените

 

23- годишна девојка во самоодбрана го убила мажот што ја нападнал и силувал, судот на Мексико ја осуди на минимум шест години затвор.

Пресудата против девојката Роксана Руиз разбуди гнев кај експертите и кај голем број на жени.

„Би било лош преседан оваа казна да остане во сила. Испраќа порака до жените дека законот вели дека можеш да се браниш, но само до одреден момент. Те силувал, но немаш право да правиш ништо“, изјави адвокатот на девојката, Анхел Карера.

Иако судот утврдил дека Руиз е силувана, се вели дека таа е виновна за убиство со „прекумерна употреба на сила“. Судот тврди дека ударот во главата на напаѓачот би бил доволен за девојката да се одбрани и спаси.

Исто така, Руиз да мора плати повеќе од 16 илјади долари на семејството на човекот кој ја силувал.

18.05.2023 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега