Меџити: 3,7 милиони евра за еколошки проекти
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска одржа прес-конференција по повод објавувањето на јавниот Конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година.
На прес-конференцијата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека Програмата има за цел да поттикне и финансира проекти и активности што придонесуваат за заштита, унапредување и одржливо управување со животната средина – како еден од клучните фактори за здравјето и квалитетот на животот на граѓаните.
Меџити со апел до општините, здруженијата на општините, граѓанските организации и научно-образовните институции активно да се вклучат во овој процес.
Вкупниот износ што Министерството го распределува оваа година изнесува 229 милиони денари:
-100 милиони денари за изградба и техничка документација за канализациони системи и системи за пречистување на отпадни води;
-100 милиони денари за изградба и надградба на водоводни системи;
-10 милиони денари за образовни, истражувачки и развојни проекти;
-19 милиони денари за активности за подигање на јавната свест, едукација и обуки поврзани со животната средина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа