Медведев повторно и се заканува на Европа: Не си играјте со авиони, деца
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, ги повика Европејците да не „играат со авиони“, коментирајќи ја изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која ја нарече одлуката на Холандија и Данска за трансфер на борбените авиони Ф-16 во Украина „добар ден за Украина и Европа“.
Медведев рече дека еден од овие „добри денови“ може да биде последен за Европа, пренесува „Ведомости“.
„Ова е добар ден за Украина и, се разбира, добар ден за Европа“, рече министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, за одлуката за испорака на авиони Ф-16. О, не си играјте со авиони во вашиот песок, деца. Еден од следните слични „добри денови“ може да биде последен за Европа“, напиша Медведев на Телеграм.
Претходно Холандија и Данска најавија дека во Украина ќе испратат борбени авиони Ф-16, а првите испораки ќе бидат направени околу Нова година. И Данска постави јасен услов за Украина кога се во прашање споменатите авиони, а стигна и првата реакција од руската страна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа