Маж во Португалија убил три лица, па себе
Маж денеска уби три лица, а потоа се самоуби во португалскиот град Сетубал, на околу 45 километри јужно од главниот град, јави Си-Ен-Ен Португалија.
Полицискиот службеник Жоао Фреире изјави за Ројтерс дека по пукање се пронајдени четири тела, чии причини и детали се уште не се познати.
На местото на настанот е полицискиот одред за криминал, додаде тој.
Си-Ен-Ен Португалија објави дека пукањето се случило околу 8 часот наутро во сиромашното предградие Сетубал наречено Баиро Азул и дека напаѓачот извршил самоубиство кога пристигнала полицијата.
30.04.2023 - 13:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа