Маж од Арачиново затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната
Ноќеска во 00.30 часот на ул.„Матеја Матевски” на подрачје на општина Аеродром, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев”, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобда Р.Р.(53) од с.Арачиново, со живеалиште во Ирска, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства” по член 350 од Кривичниот законик.
Тој бил затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната.
08.04.2024 - 16:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа