Маж ќе одговара кривично - продавал кокаин
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 26.12.2023, при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага, тетрахидрокарабинол и кокаин.
На 26.01.2024, пак, во близина на домот на пријавениот, бил извршен преглед над Р.А. од Радовиш, кај кого била пронајдена и одземена марихуана која ја набавувал од пријавениот.
01.07.2024 - 17:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа