Маск им дозволува на мајките вработени во Твитер само 14 дена породилно отсуство
Шефот на Твитер, Елон Маск, го намали платеното породилно отсуство на компанијата од 20 недели на само 14 дена, покажуваат внатрешните документи на компанијата.
Компанијата со седиште во Сан Франциско ја промени својата претходна политика на „она што е пропишано со закон во регионот каде што работат вработените, заедно со „подарок“ од две недели одмор“, напиша репортерката на „Њујорк Тајмс“, Кејт Конгер.
Промената на политиката на Маск ги става работниците на Твитер кои бараат дополнително платено отсуство на милост и немилост на нивната држава.
30.04.2023 - 15:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа