Марк Ентони и Надја Фереира станаа родители
Латино ѕвездата Марк Ентони стана татко по сeдми пат.
Музичарот (54) и неговата сопруга Надја Фереира (24) го дочекаа своето прво заедничко дете изминатиот викенд.
„Господ секогаш има совршен тајминг. Среќен ден на татковците“, напишаа тие во заедничка објава на „Инстаграм“, алудирајќи на датумот кога Американците го слават Денот на таткото.
Ентони има две деца со Џенифер Лопез, близнаците Макс и Ема. Од врската со Дајанар Торес има два сина – Рајан Адријан и Кристијан Маркус, а со Деби Росадо ги има синот Чејс и ќерката Аријана.
Убавата вест доаѓа една година по венчавката со 30 години помладата манекенка.
Ентони и Фереира открија дека ќе станат родители на Денот на вљубените, само две недели откако се венчаа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа